Технологии Воведуваме најнови решенија

rexton g4 tech cover
Гордо SUV наследство и модерна експертиза

Ние не само што го разбираме сегментот на 4x4 автомобили, но ние сме и експерти во таа технологија со над 66 години искуство во производството на автомобили со задвижување на четирите тркала.

Rexton се задвижува од 2.2-литарски дизел агрегат и располага со подобрена независна задна суспензија за супериорно управување и висок комфор при возењето.

Во нормални услови автомобилот е задвижуван од задните тркала и нуди стабилност преку оптимизирање на распоредот на тежиината, но во случај на потреба возачот може да избере еден од двата режима на постојан пого на сите 4 тркала.

Освен тоа, Rexton може да влече приколка до 3 тони, резултат кој што е најдобар во неговата класа.


Мотор и трансмисија Огромен вртежен момент и нежно префрлање на брзините

rexton g4 Mercedes-Benz transmission
Мотор: 220 e-XDi

Новиот високоефективен и исклучително тивок 220 e-XDi турбодизел агрегат достига 178 к.с. при 4000 врт./мин. и максимален вртежен момент од 420 Нм при 1600 врт./мин. Проектиран за висок вртежен момент од многу ниски вртежи, тој овозможува лежерно патување, независно од условите, независно од товарот.

Менувач: изборот е 7-степен автоматски E-Troniс од Мерцедес

Секој Rexton се нуди со модерна автоматска или рачна трансмисија. 7-степениот автоматски Mercedes-Benz E-Tronic ги менува степените со издржливост и леснотија од највисока класа и претставува прв избор на нашите клиенти.

Задвижване 4WD

rexton g4 4x4
Експертот по 4x4

4x4 системот на новиот Rexton е резултат од нашето огромно искуство со 4x4 технологиите кои постојано се усовршуваат.

За поголема ефективност и економичност Rexton е опремен со систем за непостојан 4х4 погон, кој што ги задвижува задните тркала при нормални патни услови. Задвижувањето на 4-те тркала може да биде избрано по електронски пат, кога е неопходно, а за најтешките услови вон патот на располагање е и редуктор.


Сигурност Повеќе заштита од било кога порано

rexton g4 safety cover
Подобрена безбедност на сите патници

81,7% од телото на Rexton се состои од ултра јак челик, кој што обезбедува супериорна ригидност и заштита од деформација при судар.

Концептуално новата шасија „Quad Frame“ е специјално разработена за да ја намали зможноста од повреда на патниците во автомобилот при судар. Деловите на шасијата се одликуваат со четирислојна структура, која што го надминува светскиот стандард за безбедност при страничен судар. „Краш-зоната“ на шасијата е специјално проектирана така да ја абсорбира енергијата на челниот удар и на тој начин ги заштитува патниците во кабината.

Rexton располага со девет воздушни перници, вклучително воздушна перница за колената на возачот и странични воздушни перници на вториот ред седишта.