Стилски "модерен класик"
Веќе профилиран како вистинска икона во својата класична Giugiaro верзија, ре-дефинираниот Rexton ги задржува своите оригинални "златни пропорции" истовремено имплементирајќи мешавина на суптилни линии и чисти површини, а во функција на комплетирање на модерениот стил и профилирањето на новото лице. Rexton W е стилизиран на начин кој ќе го акцентира чувството на динамичност, истовремено задржувајќи го моќниот SUV изглед.
Hi-tech рафинираност и луксуз
Класичниот изглед на проекциските фарови на Rexton W е додатно потенциран со позиционото светло во форма на буквата "L" кое ја обвиткува светлосната група..
Трите хромирани лајсни на маската на ладилникот совршено се вклопуваат со амблемот потенцирајќи го класичниот софистициран изглед.
Хаубата е акцентирана од линија со коцкеста форма потенцирајќи го чувство на исполнетост и традиционалната SUV цврстина.
Верен на идентитетот на производителот
Непогрешливата странична карактерна линија на Rexton W покажува добро избалансиран изглед, додека хромираните елементи го интензивираат целокупното единство, ставајќи му завршен акцент на луксузниот стил.
"W" амблемот, кој означува "светска класа / уметничко дело", е маркантно истакнат на задниот столб како би се потенцирал премиум карактерот на предводникот на SsangYong.
Усогласени со коцкестата карактерна линија на хаубата, новите надворешни огледала на Rexton W со интегрирани LED трепкачи се зголемени во функција на подобро гледање наназад.
Новодизајнираните странични прагови се обложени со нерѓосувачки челик како би се нагласил луксузот и рафинираноста.
Супериорните перформанси на оваа марка гуми се веќе одамна докажани во Формула 1 трките, а нивниот стил е повеќе од забележителен. (достапни со 18" бандажи)
16" тркала од лесна легура
18" "Diamond cut" тркала од лесна легура
20" Tuning тркала од лесна легура (по специјална порачка)
Естетиката е во деталите
Комплетирајќи го моќниот имиџ на Rexton W, новата LED задна светлосна група како и задниот спојлер со LED стоп светло му даваат на возилото еден модерен и луксузен изглед.
Трендовските задни светла со LED технологија ги комбинираат позиционото светло во форма на буквата "L", стоп светлото и задното светло за магла.
На возилото му дава динамична нота и ја зголемува безбедноста на начин што ги известува возачите одзади за кочењето.
Нагласена благородност
Избор на боја на автомобилот одразува многу за личноста на возачот. Од благородната Гранд бела преку трендовските сенки на Сивата, па се до вечната Космос црна, Rexton W нуди изобилство на можности при одлуката за избор на вашата боја.