Градската класика

Корандо ја воздигнува претставата за SUV до нови висини

Со текот на годините, Корандо се утврди како динамичен класичен теренец. Денес новото Корандо ја воздигнува претставата за SUV до нови височини, со цел да ги задоволи новите потреби и барања на автомобилскиот пазар. Возилото може да се пофали со елегантен дизајн со моќно тело и закривени линии кои креираат убавина со безвременски квалитет. Верен на оригиналниот дизајн на италијанската легенда Giorgetto Giugiaro, новиот Корандо останува благородна комбинација од италијанската форма и јужнокорејската функција.

Еволуција и рафинираност

Сè што некогаш ќе посакате во еден SUV

Korando Exterior Front

Модерното разбирање за теренец

Корандо од новата генерација е гордо и елегантно, а неговата динамика, проодност и практичност Ви дават се, кое нкогаш би посакале од еден SUV.

Предницата на новото Корандо е целосно прекроена по формата на новата маска на ладилникот и браникот. Додека линијата на горната маска беспрекорно се слева со предните фарови, долната маска е сврзана директно со светлата за магла и кореспондира со браникот, давајќи му на теренецот моќен и дрзок изглед.

Новите фарови се со индивидуални внатрешни леќи за полуксузен изглед, додека LED дневните светла, наредени во долниот дел, се истовремено забележителни и ефективни.

Korando radiator grille

Спортска маска на ладилникот и двобоен браник со хромирани акценти

Новата маска на ладилникот го засилува спортскиот изглед на предницата, а двобојниот браник со хромирани елементи се хармонизира со целосниот стил, додавајќи доза на луксуз.


Korando welcoming light

LED осветлување во страничните огледала

LED осветлувањето вградено во надворешните огледала има за цел да ја осветлува околината во близина на автомобилот, на тој начин гарантирајќи ја безбедноста на возачот и совозачот додека тие влегуваат/излегуваат од возилото.

Korando front fog lamp

Предни светла за магла со вградени трепкачи

Предните светла за магла со интегрирани покажувачи на правецот, хармонично се вклопуваат во двобојниот браник.


Korando front

Харизматичен и елегантен


Стајлингот е урбан но со додадени спортски елементи, заради истакнување на моќта и перформансите.
Новите 18" сребрени тркала со полиран раб (diamond-cut) го акцентираат спортскиот дух.

Korando light alloy wheel 16 inch

тркала од лесна легура 16"

Korando light alloy wheel 18 inch SILVER

тркала од лесна легура 18"
SILVER diamond-cut

Korando light alloy wheel 18 inch BLACK

тркала од лесна легура 18"
BLACK diamond-cut

Грациозна силуета

Естетиката е во деталите

Korando lifestyle

Страничната карактерна линија се протега до задниот дел каде беспрекорно се вклопува во браникот со две нијанси. Таквите завршни допири го потенцираат динамичниот и луксузен ефект, со што Korando се двои гордо и забележливо во толпата.


Korando back design dual tail pipe

Две издувни цевки

Хромираниот двоен издув му дава на задниот дел додатен спортски дух.


Korando exterior roof rail

Кровни носачи и панорамски сончев кров

Кровните носачи придонесуваат за робусниот изглед на еден вистински SUV. Електронски контролираниот сончев кров може да се отвори со лизгање и накосување, а има и можност за прекривање на стаклото како би се одржала свежината во кабината.

Korando privacy rear glasses

Дискретно затемнети и соларни стакла

Фабрички тонираните стакла на задните врати и на багажната врата овозможуваат ентериерот да остане ладен и допринесуваат за луксузен изглед на новото Korando. Челното стакло и стаклата на предните врати се соларни.

Палета на бои

Изборот на боја на автомобилот кажува многу за личноста на возачот

Korando color configurator
Grand White
Grand White
Silent Silver
Silent Silver
Techno Gray
Techno Gray
Flaming Red
Flaming Red
Dandy Blue
Dandy Blue
Space Black
Space Black

Конфигуратор на бои: Изберете боја и кликнете со глувчето врз неа, за да видите како би изгледал Вашиот Корандо.

Забелешка за боите: Тонот на бојата може лесно да се разликува на покажаните снимки поради особеностите на фотографијата и подесувањата на Вашиот монитор. Ве молиме, пред да направите порачка, направете споредба со физичките мостри на бои кои се наоѓаат кај Вашиот авторизиран дилер.